Пресудата за крвавиот четврток ја наполни најголемата судница во Кривичен ГАЛЕРИЈА

2632

До последно место е исполнета најголемата сала во новата зграда во Кривичниот суд во Скопје каде во секој момент треба да почне изрекувањето на пресудата за 27 април.

Огромен број новинарски екипи, роднини на обвинетите и полицајци ја наполнија салата. Обвинетите од кои поголем дел се во притвор, веќе се спроведени во судницата, а пред неколку минути пристигна и судечкиот совет.

И судската зграда од надворешниот дел е со засилено полициско обезбедување, а пред судот има и дваесетина граѓани познаници и роднини на обвинетите кои оттука ја очекуваат пресудата.

Пресуда ќе се изрече за 17 лица, а 15 беа амнестирани.

Обвинети се Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Оливер Радулов, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...