Престрелка во Чаир, нема повредени

Според неофицијални информации причина за претстрелката биле меѓусебни нерасчистени имотно-правни односи.

340

Расправија меѓу три лица вечерва во Чаир заврши со меѓусебна престрелка. Нема повредени.

Инцидентот се случувал во близина на маркетот кој е лоциран на улицата Лазо Трповски.

Според неофицијални информации причина за претстрелката биле меѓусебни нерасчистени имотно-правни односи.

Полицијата го потврди случајот и инфомира дека полициски епипи вршат увид на местото на настанот.

Детали за настанот ќе има утре.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...