Модната блогерка и писателка Шидера Егери отсекогаш ги мразела своите опуштени гради и често ги криела.
Кога наполнила 19 години, одлучила да ги прифати своето тело и гради па ја покренала кампањата #SaggyBoobsMatter, низ која шири порака за љубовта и позитивниот однос кон своето тело.
На профилот на Инстаграм, каде што го користи името Slumflower, таа објавува свои фотографии на кои не носи градник.
Нејзиното движење го привлекло вниманието на многумина, а таа станала инспирација на многубројни жени.
– Колку и да се гледа напредокот, уште е долг патот за да го примениме начинот на кој се зборува за женското тело – рекла Шидера.
„Јас сум жена која беше лута поради своите гради, секогаш се срамував поради нив. Вие ми покажавте дека тие можат да бидат секси и дека можам да ги прифатам“, ѝ порачала една жена преку социјалната мрежа.
Таа вели дека најмногу ги сака пораките на мајките кои пишуваат дека го засакале своето тело по породувањето, но признава дека не се сите коментари позитивни.
Добива и грди коментари, главно од мажи. Причината за тоа таа ја гледа во фактот дека луѓето не се навикнати да гледаат опуштени гради.
FOTO: Instagram/Printskrin