Репрезентацијата на Англија ја победи Хрватска со 2:1 и го освои првото место во Групата 4 од Лига А во Лигата на нации.
Попладнево во Лондон на „Вембли“ Хрватска беше на прагот на нов голем успех, предводен од ремек-делото на Андреј Крамариќ во 57, но во последните 15 минути Англичаните направија целосен резултатски пресврт.
Прво, Џези Лингард изедначи во 78.минута, а седум минути подоцна Хари Кејн погоди за триумф.
По овој резултат Англија заврши на првата позиција со седум бода, Шпанија е втора со шест, а Хрватска последна со четири и испаѓа во Б-лигата.