Пресврт – Македонија го освои седмото место на Евровизија, Тамара прва според жирито

Грешката е откриена во гласовите на белоруското жири, а по исправањето на истата,  Македонија е прва според гласовите на жирото.

1829

Пресврт во пласманот на Македонија на Евровизија.

По само неколку дена откако заврши ова натпреварување, ЕБУ сега ја исправи грешката и Тамара, наместо осмото, го освои седмото место во финалниот пласман. Грешката е откриена во гласовите на белоруското жири, а по исправањето на истата,  Македонија е прва според гласовите на жирото.

Ова го објави Тамара денеска попладне, по добивање на известувањето од ЕБУ.

– Каква прекрасна вест. ЕБУ само што потврди дека поради грешка во Белоруското гласање, нашата земја е всушност прва од жири и седма во финалето на Евровизија. Не можам да ви опишам колку сум среќна! Ве сакам сите!, напиша Тамара.

Според објавениот извештај на веб-страницата на Евровизија, направен е превид во броењето на гласовите на жирито од Белорусија.

– ЕБУ може да потврди дека по стандардната контрола на резултатите, утврдивме дека, како резултат на човечка грешка, направен е превид при собирањето на поените. Ова нема никакво влијание на пресметката на поените добиени од „телевоутингот“ на 41 земји-учеснички и на севкупниот победник, како и во редоследот на првите четири песни од натпреварот, стои на веб-страницата на ЕБУ.

Според резулатите од гласањето на жирито и од „телевоутингот“ на 41 земји-учесничка на изборот за песна за Евровизја за 2019, што се одржа во саботата во Тел Авив, Израел, за севкупен победник беше прогласен претставникот на Холандија, а тогаш нашата претставничка Тамара се пласираше на осмото место.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...