Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување, во состав на ЈЗУ „Здравствен дом -Скопје“ известува дека за време на новогодишните празници ќе функционира 24 часа.
На новогодишната ноќ, достапни ќе бидат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена ,недела и празници во Поликлиниките „Јане Сандански“, „Чаир“, „Ченто“, „Шуто Оризари“, „Ѓорче Петров“, „Драчево“ и „Бит Пазар“.
Исто така, со секојдневното работно време, ќе функционира и единицата за домашна посета. Поради претстојните прослави на Новогодишните празници, Службата за Итна медицинска помош ги дава следните препораки:
- Редовно земање терапија кај хроничните болни
- Да се внимава со внес на храна кај оние лица кои се придржувале на Божиќниот пост
- Умерено користење на алкохолни пијалоци како би се избегнале несаканите последици-алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди
- Посебно се апелира до младата и малолетна популација за некористење на алкохолни пијалоци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот
- Воздржување од користење на разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување на несакани повреди, изгореници и други потешки последици