Препознајте ја ендометриозата навреме и спречете ги компликациите и стерилитетот

Ткивото кај ендометриозата се однесува како и ткивото во внатрешноста на матката: расте и се одвојува со секој циклус.

584
Blond woman with a painful expression sitting on a grey sofa at home with her hands placed on her stomach

Ендометриозата е често нарушување кое погодува околу 176 милиони жени ширум светот, во репродуктивниот период од животот.

Постојат многу нејаснотии во врска со оваа состојба. Ендометриозата е состојба кога ткивото што нормално расте во матката почнува да расте и надвор од матката. Во најголем број случаи, ова ткиво се јавува околу органите во делот на карлицата.

Ткивото кај ендометриозата се однесува како и ткивото во внатрешноста на матката: расте и се одвојува со секој циклус. Кај ендометриозата, ова ткиво нема каде да излезе од телото и може да предизвика големи болки и да доведе до други компликации, вклучително и стерилитет.

Поминавме долг пат до кршењето на културното табу поврзано со циклусите, но состојбата која е поврзана со репродуктивното здравје и плодноста е нешто што предизвикува контроверзии. Оваа состојба често тешко да се дијагностицира па пациентките трпат болка со години. Ендометриозата може да се појави со првата менструација па затоа е нормално жените да имаат големи болки. Втората причина е дека ендометриозата и болките се јавуваат во исто време со циклусот, така што жените се тешат дека за болките е виновна менструацијата.

Симптомите на ендометриозата се јавуваат пред 30-годишна возраст и може да вклучуваат: обилни менструации, болни грчеви, болка за време на сексуалниот однос, болни движења на цревата и уринирање, болки во стомакот и долниот дел на грбот што траат во текот на целиот циклус и тешкотии во зачнувањето. Ако забележите некои од симптомите, посетете лекар.

Сè уште не е јасно зошто се јавува ендометриоза, но производството на естроген, гените и имунолошкиот систем играат голема улога во тоа. Постојат докази дека ендометриозата може да се пренесе од генерација на генерација. Ендометриозата може да се појави и подоцна во животот. Голем број од оние кои имаат дијагноза можат да бидат лекувани со лапароскопска операција.

Стерилитетот е честа компликација кај ендометриозата и може да предизвика многу стрес. Тоа може да се спречи ако навреме се започне со лекувањето. Важно е да ги препознаете симптомите и навреме да се јавите кај лекар за да почне лекувањето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...