Летовите на двата најпрометни аеродрома во Лондон, Хитроу и Гетвик се пренасочени поради технички проблеми во главниот центар за контрола на воздушниот сообраќај за јужна Англија, соопштија денеска аеродромските служби.
– Имаме технички проблем со системот во контролниот центар Сванвик, што предизвика ограничување на летовите. Правиме се што е во наша моќ да го решиме тоа што побрзо – соопшти контролниот центар НАТС.
Евроконтрол, пак, потврди дека дефектот предизвикал голем број летови на двата аеродрома да бидат пренасочени.