Премногу е грда и машкуданка за да била силувана, образложил суд во Италија

1145

Италијанското Министерство за правда нареди прелиминарна проверка на еден Апелациски суд, кој ја поништил првостепената пресуда против двајца мажи за силување, со образложение дека жртвата била „премногу грда“.

Одлуката на апелацискиот Судски совет, составен само од жени, предизвика бес во Италија и протести пред Судот во Анкона, по што следуваше наредбата за проверка на одлуката на Апелацискиот суд.

Случајот бил во 2015 година, а двајцата првостепено осудени за силување пред Апелацискиот суд тврделе дека жената била премногу грда и „машкуданка“ за да биде силувана. Апелацискиот суд во 2017 година ја поништил првостепената пресуда, но причините за таа одлука без објавени пред неколку дена, кога Виш суд нареди повторно судење.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...