Премиерот не отстапува дека попис треба да има и законот за ЈО да се донесе

727

Премиерот Зоран Заев и покрај најавата за брзи избори смета дека пописот треба да се спроведе и законот за Јавното обвинителство да се донесе.

– Пописот може да помогне во потврдување на сите податопци во Избирачкиот список, треба да го спроведеме, направивме успешен предпопис. Заводот за статистика треба да каже кога ќе се одржи пописот. И законот за СЈО е аспирација, треба да го донесеме. Законот дополнително ќе ја осигура веќе осигураната иднина на процесите. Опозицијата го има предлогот, нека размислат и тоа прашање да го решиме и да докажеме дека сме на вистинскиот пат – рече премиерот Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...