Премиерот на Австралија има две леви нозе ФОТО

650

Австралискиот премиер Скот Морисон е изложен на потсмев на социјалните мрежи, поради фотографија која ја фотошопирале членови од неговиот кабинет, но неуспешно, зошто изгледа како да има две леви нозе.

На семејната фотографија, која требала да биде постирана на неговиот официјален  сајт, се гледа дека носи невообичаено бели патики и тоа двете за лева нога.

Фотографијата многу брзо се рашири низ социјалните мрежи и предизвика бурни реакции. На Твитер се огласи и премиерот велејќи дека не побарал да му ги „светнат“ патиките и ако веќе мора да користат фотошоп тоа да го направат со влакната на нозете, изгледа како да ги нема. Тој објавил и фотографија од патиките како изгледаат без фото шоп.

Инаку, Скот Морисон, има имиџ на обичен човек а користи и воз за да стигне до работното место, исто како и останатите граѓани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...