Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев на 29 и 30 мај ќе престојува во официјална посета на Република Малта.
Како што соопшти владината прес-служба, на првиот ден од посетата на 29 мај премиерот Заев ќе оствари средба со претседателката на Малта, Мари Луиз Колеиро Прека, со премиерот на Малта Џозеф Мускат, по што ќе биде остварена пленарна средба меѓу двете владини делегации.
Македонскиот премиер за време на официјалната посета ќе се сретне и со претседателот на Собранието на Република Малта, Анџело Фаруџиа.