Премиерот Зоран Заев, претпладнево ги посети повредените во тешката несреќа на патот Скопје – Тетово и упати посебна благодарност до локалното население кое несебично помагаше при излекувањето на патниците од превртениот автобус.
Премиерот искажа благодарност и до здравствените работници, а министерот за здравство, Венко Филипче, се заблагодари на приватните клиники Неуромедика и Систина.