Премиерот Заев во вторник во Австрија, во среда во Полска

174

Премиерот Зоран Заев, придружуван од владина делегација, на 26 јуни официјално ќе ја посети Австрија, а на 27 јуни ќе биде во работна посета на Полска.

Како што соопшти владината прес-служба, претседателот на Владата во Виена ќе има средба со федералниот канцелар на Република Австрија, Себастијан Курц, по што ќе имаат заедничка прес-конференција.

Заев ќе има средба и во Парламентот на Австрија, ќе се обрати на дебата на тема „Заедничка европска иднина за Југоисточна Европа – Примерот на Македонија“, а во рамки на посетата  со владината делегација ќе има средби и со претставници на бизнис-заедницата во Австрија.

– Во Варшава, премиерот Заев ќе има средба и заедничка прес-конференција со премиерот на Република Полска, Матеус Моравјецски, информира прес-службата на Владата на РМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...