Во Јапонија неделава стапи во сила законот со кој се ограничува прекувремената работа до 45 часа месечно или 360 часа годишно.
Компаниите, кои ги прекршуваат правилата, ќе бидат казнети со парична казна до 300.000 јени (малку повеќе од две илјади евра).
Се проценува дека околу 200 смртни случаи во 2017 година се поврзани со прекумерна работа во Јапонија.
Еден од случаите на „кароши” (смрт од прекумерна работа), е и случајот на Јукинобу Сато (31), кој пред три години изврши самоубиство поради преголем стрес.
Тој работел на проект за јапонската вселенска агенција ЈАХА и бил под големо оптоварување, бидејќи му биле доделени недостижни цели, поради кои работел 70 часови неплатено.
Сато, поради акумулираниот стрес предизвикан од прекумерна работа, извршил самоубиство во 2016 година.
Адвокатот, кој го застапува семејството на Сато, вели дека тој работел на смена од 16 часа.
Власта призна дека „кароши” (смрт од прекумерна работа) е признат како причина за смрт.
Работодавецот на Сато истакна дека во иднина ќе преземе мерки за да ги спречи ваквите инциденти.
Поради случаите како Сато, Јапонија воведе закон со кој се обидува да застане на патот на навиката работното време да трае подолго од пропишаното.