Антикорупциската комисија ќе поднесе прекршочни пријави за повеќе од 20 декани на факултетите на универзитетите во земјава затоа што не доставиле анкетни листови за имотната состојба.
На седницата беа објавени имиња на деканите на факултети од универзитетите „Гоце Делчев“, „Св. Кирил и Методиј“ и „Мајка Тереза“.Тие ќе бидат казнети од 300 до 500 евра.
Во тек е седницата на која антикорупционерите ги разгледуваат стасаните предмети со претставки за вработувања за кои има сомневања за конфликт на интереси и непотизам.
Во моментов се разгледува предмет за назначување раководно лице во Центарот за вработување во Крушево кое истовремено е и советник во општината.
Антикорупциска упати повик до сите раководители во институциите да испратат податоци за избрани и именувани лица, со цел да се ажурира регистарот на Комисијата. Од таму потсетуваат дека за неисполнување на оваа обврска се одговара прекршочно.
Анкетни листови се очекуваат и од нотари, извршители и административци.