Прекршокот на Роналдо виден од најдобар агол (ВИДЕО)

Одлуката на германскиот судија Брих предизвика многу реакции, а помладата од двете сестри на Роналдо напиша заканувачки зборови.

1716

Роналдо ја допира главата на Муриљо, но дали овој гест е за црвен картон е дискутабилно.

Ова е најјасен агол од кој се гледа дали, на неславниот почеток на Лигата на шампиони, фудбалерот на Јувентус направи прекршок или „прекршок“.

Сестрата на Кристијано Роналдо, Катја Авеиро преку социјалните мрежи остро реагираше на исклучувањето на нејзиниот брат синоќа на дуелот со Валенсија.

Роналдо на првиот меч за Јувентус во Лигата на шампионите во 29. минута доби црвен картон поради неспортско однесување.

Одлуката на германскиот судија Брих предизвика многу реакции, а помладата од двете сестри на Роналдо напиша заканувачки зборови.

– Ова е срам за фудбалот. Сакаат да го уништат мојот брат, но Бог никогаш не спие. Ќе платат голема цена за овие солзи. Тие сакаат да го спуштат на земја, но нема да успеат – напиша Авеиро.

Следните денови УЕФА ќе се произнесе за евентуална суспензија на Португалецот поради директниот црвен картон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...