Прекинато е буџетското финансирањето на 26 од 56 партии

381

Од 56 партии кои буџетски се финансираат спречено е финансирањето на 26 партии заради ненавремено поднесени извештаи, изјави министерката за правда Рената Дескоска. Таа потенцира дека пред неколку месеци е донесена одлука со која се спречено финансирањето на речиси половина од партиите.

– Ако имаме 56 партии кои добиваат буџетско финанасирање, во април месец е донесена одлука со која е сопрено финансирањето на 26 партиии зашто ненавремено доставиле извештај и тоа е еден вид контрола која ги мотивира партиите на транспарентност – изјави Дескоска.

Министерката вели дека е потребно јакнење на капацитетите на институциите како Антикорупциската комисија, Државниот завод за ревизија, Обвинителството и други.

– Една од опциите да се зајакнат механизмите е финансирање од буџетот, но на ова одговор треба да даде Министерството за финансии, бидејќи ќе треба да се издвојат многу повеќе пари од буџетот – рече  Дескоска.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...