Поради пoстоење одредени неправилности во документацијата на што укажа првичната евалуација, одлучивме тендерската постапка за набавка на тестови и реагенси за биохемиски, имунолошки, хематолошки и гасни анализи да ја прекинеме.
Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче кој рече дека на тендерот се јавила само една фирма и дека во овој период интензивно работеле на евалуација на понудата.
– На тендерот за набавка на тестови и реагенси за биохемиски, имунолошки, хематолошки, коагулациони и гасни анализи со отстапување на потребната опрема (анализатори) на бесплатно користење за потребите на Јавните здравствени установи во РМ се јави само еден економски оператор.
Интензивно работевме на евалуација на понудата од моментот на нејзиното отварање. Првичната евалуација укажува на недостатоци во поднесените документи од страна на Економскиот оператор. Токму затоа Министерството за здравство донесе одлука дека тендерот треба да се поништи.
Истовремено сметаме дека во овој случај и за овој тендер е некоректно да се склучи договор, иако Законот за јавни набавки дозволува да се склучи договор со една фирма понудувач.
Во следниот период ќе продолжиме со процесот на имплементација на концептот за централизација на лабораториите.
Истовремено, ги повикуваме компаниите кои работат во оваа сфера да работат на намалување на цените на реагенсите и до 15-20% колку што е пазарната вредност.
И во иднина ќе продолжиме да работиме во насока на подобрување на здравствениот систем, заштеда на буџетот на граѓаните и приближување кон модерните европски трендови – рече Филипче.