Презентирајте го својот бизнис пред странски купувачи!

94

Овој септември, Скопје по втор пат ќе биде домаќин на интернационалниот Media Innovation Forum, голем настан посветен на медиумите, адвертајзингот и контент креаторите, со цел развивање на концептите на домашните протагонисти и нивна поголема независност. Локацијата е хотелот „Хилтон“, а датумот 12-ти септември.

Се најавуваат звучни имиња од регионот и од светот, а настанот ќе вклучува два дела: Форум каде присутните ќе чујат размена на пракси и споделување успешни приказни, и Buyers Salon каде бизнисите ќе можат да се претстават пред интернационални купувачи за можно партнерство и соработка. Поканети се сите контент креатори, медиски професионалци или куќи и продукции кои сметаат дека имаат производ што може да се продаде или развие регионално, да пријават интерес за учество со аплицирање за презентација (pitch) на www.mediainnovationforum.com.

Запрашан за минатогодишното искуство Влатко Огњановски од Good Mood Media ни го сподели следното:

– Единствен настан од овој тип и топло го препорачувам учеството. Имавме уникатна можност да добиеме фидбек за нашиот проект „Фчерашни новости“ од луѓе кои значат многу во светот на медиумите. Оттогаш ги развиваме контактите и ги шириме, со што ни се отвараат нови можности за развивање на овој и други проекти.

Секако, може да се пријавите и само како учесници во Форумот и да ги чуете регионалните и интернационални гости со кои ќе имате шанса да размените мислења и искуства преку пријавување за учество (attend) на www.mediainnovationforum.com.

Џулијан Робертс, маркетинг директор на гигантот за сајбер безбедност ESET, беше еден од интернационалните гости на минатогодишниот настан, искуство кое тој вели било исклучително пријатно.

– Минатата година ги слушавме челните луѓе на компании како Omnicom, ESET, Друи План – продукцијата која работи со HBO и Netflix во регионов, Time.mk, Fx3x, Vertigo Visual, IWM и други. Присутни беа речиси 100 учесници кои со гостите отворија многу теми. Годинава одиме чекор понатаму и имаме отворен повик за учество и презентација на своите бизниси. Ги охрабруваме сите да аплицираат за учество на www.mediainnovationforum.com и да ја искористат оваа навистина уникатна шанса – велат од маркетинг агенцијата „Еден на еден“, организациски партнер на настанот.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...