Протестот против уставните измени продолжува додека во Собранието пратениците ги изгласаа уставните измени во третата и последна фаза согласно Договорот од Преспа.
Од импровизираната бина се читаат имињата на сите 80 пратеници кои треба да гласаат за уставните амандмани и прифаќање на Договорот од Преспа.
Протестот пред Собранието против уставните измени започна во 12 часот во организација на здруженијата „Македонија блокира“ и партијата Единствена Македонија.