Како што кралското семејство во многу нешта има правила, така ниту Божикот не е време на исклучоци. Ова ќе биде прв Божик за војвотката Меган Маркл (37) и нејзината мајка Дорија Рагланд (62) во британското кралство, а како изненадување ќе ги дочека вага.
Имено, според странските медиуми, секој член од кралското семејство мора да се мери на вага пред и по вечерата, а тоа во овој случај ја вклучува и Дорија, бидејќи за божикните празници ќе биде со нив. Оваа „тајна“ ја открила Ингрид Севард (70) која е „кралски експерт“.
Инаку, традицијата потекнува уште од почетокот на минатиот век додека владеел кралот Едвард Седми кој бил „лудо“ загрижен за човечкото здравје. Тогаш се „плашел“ дали луѓето јадат доволно за Божик, но сега кралската гозба се состои од три огромни јадења, па мерењето на вага се чини непотребно. Меѓутоа, како што изјавила Ингрид, мерењето на вага и понатаму е на репертоарот на секој Божик, а членовите на кралското семејство користат антички ваги.
Имајќи предвид дека веќе еден цел век никој од нив не рекол да престанат со оваа луда традиција, можеби токму Меган, која веќе шест месеци редовно ги крши кралските правила, тоа ќе го направи.
Што се однесува до Божик, постојат уште правила. Имено, децата на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам – принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот, нема да ги отворат подароците на божикното утро како останатите Британци, туку на Бадник.
„Попладневен чај, а потоа отворање на подароците на Бадниковата вечер, како во германската традиција“, откриле од кралското семејство.