Пред да стапите во брак, прашајте го…

Можеби сенепристојни и премногу интимни, но се од огромна важност за иднината на вашата романтична врска.

932

Има неколку прашања кои треба да ги поставите на вашиот партнер пред вашата
врска да стане сериозна и да почнете да размислувате за брак. Можеби се
непристојни и премногу интимни, но се од огромна важност за иднината на вашата
романтична врска, советува водечка британска адвокатска фирма, која е
специјализирана за разводи. Тие решиле да состават тест со прашања за идните
сопружници.

– Ниту еден еден работодавец нема да ви даде работа ако не ги исполнувате
карактеристиките на работното место, а истото треба да се однесува и на брачните
партнери – велат од адвокатската компанија.

Прво прашање кое треба да го поставите, е дали знаете колку недвижности поседува вашиот партнер.
Дали сакате во бракот да го делите имотот?
Дали имате еднакви ставови за штедењето.
Во каков однос е партнерот со своето семејство?
Колку е големо неговото семејство?
Дали неговите родители се посесивни и колкаво е нивното влијание врз неговите одлуки?
Дали тој/таа сака да има деца, и колку?
Дали е религиозен, и дали му е важно да го пренесе тој религиски став на децата? Дали ве интересираат слични работи?
Дали некој од вас има пороци како коцкање, претеран шопинг, некаква опсесија? Дали си ги знаете меѓусебните амбиции во кариерата?
Дали ќе продолжите и двајцата со работа откако ќе добиете деца?
И последната, и можеби најважна група. Дали вашиот партнер има стара,
непреболена љубов? Дали бил во љубовна врска со некој/а од сегашните пријатели?
Поради што ги прекинувал претходните врски?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...