Предновогодишен концерт на воениот оркестар

282

Во Домот на АРМ вечерва во пресрет на новогодишните и божиќните празници се одржа предновогодишен концерт на воените оркестри на АРМ, вооружените сили на Црна Гора и на Бугарија.

На настанот беа присутни премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, за здравство Венко Филипче, за труд и социјала Мила Царовска.

Шекеринска порача дека трите армии ја научиле лекцијата.

– 2018 беше тешка, но успешна година. Оваа година дадовме нов живот на сонот наречен ЕУ и НАТО. Ова беше година во која Македонија се отвори. Овој концерт покажува дека овие армии ја научија лекцијата. Се надевам дека во 2019 ќе покажеме дека сме европски подготвени – порача Шекеринска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...