Предлог-законите за основното образование и за наставниците патуваат во Собранието

Во новиот предлог закон е вклучена и сеопфатна стратегија насочена кон инклузивен образовен систем за сите ученици со попречености.

390

На предлог на Министерството за образование и наука, на денешната седница е усвоен текстот на Предлог-законот за основното образование, кој ќе биде доставен на усвојување во Собранието на Република Северна Македонија.

Донесување на нов Закон за основното образование е со цел за квалитетно уредување на условите и постапката за основање, статусните промени и престанок на основните училишта, нивната дејност, системот за обезбедување и оценување на квалитетот на основното образование, уредување на воспитно образовната дејност на основното образование, управување, развој и финансирање на основното образование, правата и обврските на учениците, родителите, наставниот и друг кадар во основното образование, уредување на правата на учениците со посебни образовни потреби и надзорот над работата на основните училишта, информираа од Владата. 

Во новиот предлог закон е вклучена и сеопфатна стратегија насочена кон инклузивен образовен систем за сите ученици со попречености.

На денешната седница е усвоен, и до Собранието ќе биде доставен и Предлог – закон за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, кој има за цел да се обезбеди услови за постојано професионално усовршување на наставниците и стручните соработници како и овозможување на нивен кариерен развој за целиот работен век на наставниците и стручните соработници. Со овој предлог закон преку професионалниот и кариерниот развој на наставниците и стручните соработници ќе се зголеми нивната мотивација, а и ќе се подигне квалитетот на воспитно-образовниот процес во нашата држава.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...