Предизборните укази на Иванов на тапет на Антикорупциска

506

Антикорупциската комисија на денешната седница отвори предмет за именувањата во АРМ од страна на претседателот Ѓорге Иванов. Станува збор за шестте укази кој тој ги потпиша и прати во Службен весник откако беа распишани претседателските избори.

Антикорупционерите одлучија да побараат документација од претседателскиот кабинет и од Министерството за одбрана за да испитаат дали се спорни унапредувањата.

Претседателот Иванов неодамна со укази ги назначи поранешниот аѓутант Мирче Ѓорговски за воен претставник во седиштето на НАТО, полковник Маријо Јуришиќ за воено аташе во Франција, началникот на ГШ Васко Ѓурчиновски го унапреди во генерал-потполковник, Драган Ковачки стана командант на Првата механизирана пешадиска бригада, а Бесник Емини началник на штаб во Здружената оперативна команда.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...