Си-Ен-Ен емитуваше репортажа од американската граница со Мексико за човек кој со својата ќерка, стара 23 месеци, се удавил во водата на Рио Гранде додека се обидувал да стигнат во САД.
Двете тела се најдени во водата, со раката на девојчето околу вратот на својот татко. Оскар Алберто Мартинез и неговата ќерка Анџела биле од Салвадор.
Да биде ситуацијата уште полоша, сопругата на Оскар и мајката на детето, гледала како тие се дават.
Ова е црно потсетување на трагедијата на мигрантите, констатира Си-Ен-Ен. Семејството Мартинез било во бегалскиот логор во Мексико два месеца на пеколни 45 степени чекало да му се дозволи влез, а потоа се одлучило да се обиде, пишува „Ла Џорнада“.
Ужасната глетка потсетила на онаа кога малото тело на 3-годишниот Ајлан Курди од Сирија се појавило на плажата во Турција.
ФОТО: Принтскрин / Јутјуб