Прегратка или длабоко поклонување: Кралскиот поздрав на Меган ги насмеа сите ВИДЕО

Дојде до мала непријатност кога организаторката клекна и ја опфати за половината војвотката.

1497

За војвотката од Сасекс, Меган Маркл, велат дека е спонтана и срдечна како што беше и принцезата Дајана. Таа често им пркоси на кралските правила што умее да ги збуни луѓето во нејзиното опкружување и оние што се навикнати да го почитуваат строгиот протокол.

На неодамна одржаниот хуманитарен настан 38-ходишната сопруга на принцот Хари тргна срдечно да се поздрави со организаторката Кејт Робетсон, која сакаше да ѝ се поклони, па дојде до мала непријатност

Војвотката тргнала самоуверено ширејќи ги рацете кон Кејт Робетсон која прво сакала да ја прегрне, па да ѝ се поклони и на крајот да клекне, пишува „Дејли мејл“. Сето тоа ја збунило на момент Меган која сакала само срдечно да ја прегрне па ситуацијата испаднала малку непријатна и смешна.

Познато е дека сите ја сакаат Меган и дека во неа пронаоѓаат нешто што ги потсетува на починатата принцеза Дајана.

 

View this post on Instagram

 

One of the many many reasons to love Meghan. The lady going for the curtsy and Meghan giving her a hug instead.💕

A post shared by Meghan And Harry Fan (@meghanandharry1) on

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...