„Love The Sales” објави листа на модни грешки што ги прават познатите личности.
На листата на модни катастрофи се наоѓаат жени за кои се смета дека се модни икони на денешницата. На врвот на листата се наоѓаат Меган Маркл и реалити ѕвездата Ким Кардашијан.
Нивните грешки во стилот ги довеле на листата на најголеми модни промашувања во последната деценија.
Станува збор за големите чевли на Меган Маркл кои таа ги носеше на веридбата за принцот Хари и веќе познатиот цветен фустан на Ким Кардашијн со потпис на Живенши кој таа го носеше на Мет Галата во деветтиот месец од бременоста.