Скопјанка на возраст од 40 години се здобила со тешки повреди кога вчера утрото во неа удрил автомобил „голф“, а возачот побегнал, информира МВР.
Несреќата се случила во близина на крстосницата од улицата Бледски договор и Илинденска.
Повредената жена поради тешките повреди била пренесена во Клиничкот центар во Скопје.