Пешак е прегазен вчера на улицата 29 Ноември во Tетово. Возачот наместо да му помогне на повредениот побегнал.
Како што информира полицијата вчера во 17.30 часот засега непознато патничко возило удрило во пешакот Ј.Д.(66) од Тетово и веднаш го напуштило местото.
Од ударот Ј.Д. се здобил тешки телесни повреди и бил пренесен во тетовската клиничка болница.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и возачот и за целосно расчистување на случајот.