Прегазени две деца во скопски Грчец и во Прилеп

38

Повредени се две деца, на возраст од седум и осум години, вчера во сообраќајки во скопското село Грчец и Прилеп, откако биле удрени од камион, односно автомобил.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека седумгодишно дете велосипедист било удрено од камион вчера околу 18 часот во село Грчец и со тешки телесни повреди е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде му е укажана лекарска помош. Во него удрило  товарно возило „Мерцедес 508“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(45) од село Шишево, скопско.

На крстосницата од улиците „Војводинска“ и „Ладо Ланецот“ во Прилеп, вчера во 14:20 часот, патничко возило „Фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ѓ.(49) од Прилеп удрило во осумгодишно дете од Прилеп. Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Градската болница-Прилеп каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Увид на местото на несреќите извршиле увидна екипа од СВР Скопје и од Полициската станица Прилеп.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...