Прегазениот средношколец во Штип е во кома, штипјани на протест

1075

Средношколецот кој во петокот утрината беше прегазен во Штип додека преминувал пешачки премин со соучениците, е сѐ уште во кома. Несреќата се случи на булеварот „Гоце Делчев“ пред средното општинско училиште „Коле Нехтенин“.

За денеска од 14 д 17 часот, родители и граѓански активисти најавија протест кај пешачкиот премин, изреволтирани од настанот тие се организираа преку социјалните мрежи.

Директорот на училиштето, Дејан Павлов, по несреќата истакна дека и покрај тоа што има сообраќаен знак што предупредува дека има училиште и пешачки премин, сепак, возачите на булеварот возат пребрзо, и од почетокот на годината до денеска се случиле три несреќи со последици.

– Не е првпат да се случи еден ваков немил настан за време на големиот одмор во нашето училиште. Изразуваме длабоко жалење во име на целиот персонал и, воедно, апелираме до сите возачи да возат совесно пред нашето училиште, да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци, бидејќи има прописно обележан пешачки премин и прописно поставени сообраќајни знаци, бидејќи и на некои од возачите може детето да се најде во ваква ситуација – вели Павлов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...