Пребрзо возеле 17 битолчани, а еден бил под дејство на алкохол

343

Полициски службеници од СВР Битола вчера извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека осум возачи управувале возило без возачка дозвола, едно возило било нерегистрирано, брзината ја надминале 17 возачи, двајца возачи зборувале на мобилен телефон додека управувале возило, а под дејство на алкохол бил еден возач и тој бил исклучен од сообраќај. За сите неправилности издадени се соодветни санкции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...