Прв случај на „брегзит психоза“ во Британија

309

Лекари во Велика Британија го регистрираа првиот случај на „брегзит психоза“, објавено е во Британскиот медицински журнал, пренесува „Политико“.

Во летото 2016 година, три недели по референдумот во ЕУ, еден 40-годишен маж бил примен во болницата, бидејќи неговото ментално здравје нагло се влошува поради „голема загриженост заради брегзит“.

Лекарот Мохамед Зиа Ул Хак Катшул од Институтот за ментално здравје во Нотингем, го лекувал пациентот, за кој рекол дека имал халуцинации и параноидни, бизарни заблуди.

Во извештајот на лекарот исто така се наведува дека истиот пациент бил во слична состојба пред 13 години, тогаш поради стрес.

Пациентот се опоравил од проблемот предизвикан од брегзит две недели откако бил третиран со „Оланзапин“, антипсихотик што се користи за лекување шизофренија и биполарно растројство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...