Прв потврден коронавирус во седиштето на НАТО

209

НАТО потврди дека еден функционер на оваа организација е заразен од Ковид-19 и се преземаат мерки да се спречи ширењето на вирусот.

Од НАТО велат дека лицето се заразило во Италија додека бил на одмор.

– Тој лошо се почувствувал минатата недела и бил тестиран поради симптоми слични на треска. Членот на персоналот е дома во изолација – информира прес службата на НАТО.

Неговите колеги биле информирани веднаш откако стасал позитивниот резултат за Ковид-19 и сите тие сега работат од дома. Истовремено бил информиран и целиот персонал на НАТО.

За да се гарантира безбедноста на персоналот и посетителите во НАТО, организацијата воведува превентивни мерки според насоките на Светската здравствена организација. Тоа подразбира времена суспензија на некои патувања на НАТО персоналот, на вработените им се препорачува да работат од дома кога тоа е можно и времено се суспендирани сите посети на групи во седиштето на НАТО во Брисел. Алијансата вели дека е во контакт со белгиските власти и дека поседува солидни мерки и планови што ќе овозможат работата на организацијата да продолжи да функционира.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...