Прв заразен сo коронавирус и во Грција, пациентката патувала во Италија  

Станува збор за Гркинка, на 38-годишна возраст, која патувала во регион во северна Италија. Во добра здравствена состојба е, ја следи тим од одлични колеги во Солун - рече Циодрас.

560

Позитивни се резултатите на коронавирус од примерокот на 38-годишна жена во Солун, со што е и првиот потврден случај на Ковид-19 во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Жената неодамна патувала во Италија, a е во добра здравствена состојба, како што соопшти портпаролот на грчкото Министерство за здравство и научен соработник во грчката Национална организација за јавно здравје, проф. Сотирис Циодрас.

– Потврден е првиот случај на вирусот во Грција. Станува збор за Гркинка, на 38-годишна возраст, која патувала во регион во северна Италија. Во добра здравствена состојба е, ја следи тим од одлични колеги во Солун. Во овој момент, се проверуваат нејзините контакти и нејзините блиски контакти, доброволно ќе бидат ставени во изолација и ќе се следи нивната здравствена состојба – рече Циодрас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...