Првпат социјалист ќе биде градоначалник на Кишињев

86

Кандидатот на социјалистите Јон Чебан е избран за градоначалник на молдавскиот главен град Кишињев.

При пребројани 99 проценти од избирачките ливчиња на вчера одржаните локални избори во Молдавија, Чебан освоил 52,5 отсто од гласовите, а неговиот против кандидат од проевропскиот блок „Акум“ („Сега“), актуелниот вицепремиер и министер за внатрешни работи Андреј Настасе ја добил поддршката од 47,4 отсто од гласачите.

Молдавската левица првпат победува на избори за градоначалник на Кишињев. Досега таа секогаш имаше свој кандидат во вториот круг, но ги губеше изборите поради мобилизирањето на проевропските избирачи, кои биле заплашувани од опонентите со „руска закана“.

Претседателот на Молдавија Игор Додон, кој е неформален лидер на Социјалистичката партија, му упати честитки на Чебан за победата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...