Се појави првпат во јавноста по бегството од Дубаи. Принцезата Хаја која со децата го напушти сопругот и побегна во Британија, е фотографирана пред судот во Лондон каде почнала борбата за старателството над децата помеѓу неа и шеикот Мухамед ал Мактум. Хаја била во придружба на адвокатката и телохранителот.
Принцезата Хаја бинт ал Хусеин (45) која во најголема тајност со синот и ќерката од Дубаи најпрво отиде во Германија, а потоа во Велика Британија, изгледала многу вознемирено додека одела накај судот во кој ќе се одвива мошне скапиот развод.
Дека го напуштила 25 години постариот сопруг се дозна минатиот месец, кога беше откриено и дека Хаја се плаши за својот живот и дека живее во западен Лондон, во вила вредна 85 милиони фунти.
Принцезата ја застапува Фиона Шаклтон, специјализирана за разводи на славните и богатите луѓе, а која го застапувала принцот Чарлс во бракоразводната парница со принцезата Дајана.
Судењето е тајно, но и Хаја и шеикот во заедничка изјава соопштиле дека борбата е поврзана само за старателството врз децата и дека не се однесува на нивниот однос.
Се претпоставува дека двајцата во процесот ќе ги употребат сите средство што ги имаат на располагање, а ако шеикот ја добие битката, големи се шансите принцезата по судењето никогаш повеќе да не ги види децата.
Некои токму поради ваквата ситуација претпоставуваат дека Хаја на судот ќе изнесе валкани детали за поранешниот сопруг. Помеѓу останатото, и деталите на неговиот однос кон ќерките од другите бракови кои по обидот на бегството се затворени и за кои не се знае ништо.
FOTO: PROFIMEDIA