Првпат во Македонија мобилна асфалтна база ВИДЕО

1845

Општина Кавадарци и ЈП „Комуналец“ денеска промовираа нова мобилна станица за производство на асфалт. Во било кој период од годината ќе се произведува асфалтен материјал  за санирање на ударни дупки и други оштетувања на патиштата, пренесува РТК.

Сега и старата асфалтна подлога ке може да се рецилира и со додавање на потребните материјали поворно да се става во функција. Машината е во вредност од околу 1 милион денари .Покрај ова градоначалникот Митко Јанчев и генералниот дирекор на ЈП „Комуналец „ Ѓорѓи Поп Ицов денеска промовирааа две нови возила за подобрување  фукционирањето на претпријатието и подобрување на хигиената во градoт.

– За еден месец машината ќе биде ставана во функција –  мобилната база за правење асфалт. Таа е прва во Македнија. Како јавно претпријатие ќе ни овозможи 12 месеци да правиме асфалт. Стариот асфалат ќе може да се рециклира и да се прави нов асфалт. Ќе се работи далеку попородуктивно – вели градоначалникот Јанчев.

– Се работи за мобилна машина за подготова на асфалт и истата ќе биде во функција за 30 дена, а дефектите и санирањата ќе се решаваат веднаш. Искорстувањета ќе бидат брзи и подобри. Со набавката на другите две возила ќе се заврши инвестицијата од 30 милиони денари за 2018 година. За ова година ќе се докомплетира возниот парк, на ЈП Комунлаец во вредност од околу 20 милиони денари. Сето тоа се прави со домаќински однос. Со што услугата кон граѓаните ќе се подобри. Мислам дека ќе се одговори со обука и доусовршување за ракување со новата машина – рече директорот на ЈП Комуналец.

Драгослав Симововиќ – рководител на урбанизам и сообраќај вели дека  имале проблем со ударните дупки, особено во зимскиот период, бидејќи не работеле асфалтните бази.

– Проблем е што вообичаено тендерот завршува за околу три месеци. Останатиот период ударните дупки се крпат или со коцки или со тампон, што се покажа како непрактично. Имаше доста оштетувања на возила за кои беше барано отштета. Во просек, по две до три тужби годишно. Со ова ќе се надмине тој проблем. Ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот. За две до три години, ќе се покаже исплатливоста на машината – рече Драган Рамов – одговорен инспектор за сообраќај.

Машината е на плин, па освен финансиски, ќе има и еколошки придобивки.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...