Родена во Сеул, Сун Ји влезе во семејството Фароу како петгодишна посвоеничка. Актерката Миа Фароу инаку посвои седум (три починале), а има и четири биолошки деца.
Додека глумицата беше во врска со режисерот Вуди Ален, таа пронашла голи фотографии од Сун Ји направени од режисерот. Во тоа време, нејзината ќерка имала 21 година. Сè излезе во јавноста, а Миа потоа ја нарече „малку заостаната и спора“.
Досега Сун Ји не го коментираше нејзиниот живот со Ален, и покрај обвинувањата на Дилан Фароу, ќерка на Миа, која тврди дека Кореанката била сексуално злоупотребуван од страна на режисерот кога таа имала седум години. Зад Дилан застанаа братот Ронан (син на Вуди и Миа), како и самата Фароу.
– Никогаш не сакав да се одмаздам на Миа. Но, ова што му се случува на Вуди е неправедно. Мија го искористи движењето „Me Too“ и парадира со Дилан како жртва. А сега цела генерација слуша за тоа, а не треба – рече Сун Ји оде во одбрана на својот сопруг.
Таа е 25 години во врска со Ален, а се омажи за него во 1997 година.
Сун како дете го мразела.
– Тој не сакаше да не запозане. Го мразев затоа што беше во врска со мајка ми, јас не го разбирав како може да биде со таква злобна и ужасна личност. Мислев дека и тој е таков – рече Сун ЈИ во обвинувањата за Фароу дека ја занемарувала, навредувала и потценувала.
Таа, наводно, ѝ зборувала дека е глупава и малоумна, бидејќи имала проблем со читањето. Таа тврди дека нема ниту еден убав спомен од детство со Миа.
СунЈи се зближила со Ален откако го скршила зглобот на училиште. Таа се вратила дома, но не ја повикала мајка ѝ бидејќи – немала навика да ја вика кога ѝ требала помош.
Ален бил во станот и ја однел на лекар. После тоа, Фароу потоа предложила да ја однесе на кошаркарски натпревар, и двајцата почнале да се дружат често. Таа и Ален тврдат дека неговата врска со актерката била веќе на крајот.
– Тоа не е оправдување, тоа што го направивме е големо предавство. Но, Миа никогаш не ме сакаше. А тука беше шансата да бидам со некој кој ме цени, добар е со мене и ми посветуваше внимание. Се разбира дека прифатив. Јас не започнав ништо – тој ме заведе. Затоа нашата врска успеа – чувствував дека ме почитува – рече Сун Ји.
ФОТО: Твитер