Прво упис во школо, па вакцина за првачињата

Една од опциите кои се разгледуваат е да се запишат учениците, во меѓувреме да се вакцинираат, или во септември, почеток на септември, да има теренска вакцинација за сите ученици кои не се вакцинирани, посочи Адеми.

174
ФОТО: УНИЦЕФ ни ја пратија мејл

Министерот за образование и наука, Арбр Адеми, денеска изјави дека се разгледуваат сите опции за невакцинираните деца кои треба од септември да го започнат основното образование, со цел да се запазат законите, како и јавното здравје.

Тој наведе дека е остварена средба со министрите за здравство и за правда, Венко Филипче и Рената Дескоска, како и дека повторно за прашањето ќе се разговара на седница на Влада.

– Една од опциите кои се разгледуваат е да се запишат учениците, во меѓувреме да се вакцинираат, или во септември, во почетокот на септември да има теренска вакцинација за сите ученици кои не се вакцинирани – посочи Адеми.

Дополнително ќе бидат спроведени консултации со експерти со цел да се најде најдоброто решение, поради тековната епидемија на морбили.

Пред околу две недели од Владата информираа дека при уписот во прво одделение треба да се достави и вакциналниот картон од детето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...