АКК Примо авј и О.К. Класик под покровителство на Општина Центар ов сабота (29 септември) рганизираат манифестација од еднодневен карактер Олдтајмер Рели Скопје 2018.
Ревијата се состои од два дела. Првиот дел е изложба на олдтајмер возила и моторцикли, во кој учество ќе земат 20 странски и 35 домашни претставници на ексклузивни олдтајмер возила поделени во два периоди до 1970 година и од 1971 до 1984 година. Возилата ќе бидат оценети и наградени од стручна техничка комисија.
Вториот дел е олдтајмер рели кое за прв пат се организира во Скопје. Стартот (12 часот) и целта е пред Општина Центар, по точно одредена рута со претходно изготвена патна книга. Возилата ќе бидат поделени во две класи, а победниците наградени.
Возилата ќе бидат поделени во две класи:
Класа 1 возила произведени до 1970 година
Класа 2 возила произведени од 1971 до 1984 година
Организаторите ќе ги прогласат најдобрите во категориите за најстаро возило, најоригинално реновирано и на кабриолет возила.