Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, повремено ќе се засилува и ќе предизвика намалување на дневните температури.
Утринската температура ќе се спушти во интервалот од 8 до 17, а највисоката температура ке достигне од 21 до 33 степени. УВ=6.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец, повремено ќе се засилува. Температурата ќе достигне до 28 степени.
Од петок во попладневните часови ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.