„Гитари, дирки и свирки” ќе биде првото училиште за музика и уметности во земјава, кое e наменето само за деца и млади во социјален ризик каде децата ќе можат да го изучуваат инструментот или ликовната уметност, зависно што ќе одберат и тоа за нив ќе биде сосема бесплатно.
– Токму затоа постојано апелираме до сите компании, да не поддржат во сите наши активности, како вистински би можеле на сите деца со помалку можности, да им го овозможиме квалитетот на живеење, едукацијата и подобностите кои и останатите деца ги имаат. Проект Среќа е здружение кое се фокусира на работа на проекти за деца со помалку можности, и ова е еден од новите проекти, за 2019 година. За неколку дена започнува добро познатиот проект „И јас сум Дедо Мраз“ каде очекуваме повторно сите ние да бидеме Дедо Мраз на децата на кои тоа им е потребно- велат од здружението „Проект среќа”.