Првото бебе што го посвои Анџелина Џоли стана полнолетен и се сели од дома ФОТО

Медокс Џоли Пит стана син на познатата актерка кога го посвои во 2001 година.

1090

Првото бебе посвоено од Анџелина Џоли сега е возрасен млад човек и вчера стана полнолетен.

Медокс Џоли Пит стана син на познатата актерка кога го посвои во 2001 година, а деновиве станува бруцош на Универзитетот Јонсеи во Сеул, Јужна Кореја.

Медокс ќе се раздели од својата мајка и ќе стане студент, а Анџелина е многу горда, бидејќи одлучил да студира биохемија во Јужна Кореја, откако заедно посетиле неколку факултети.

Медокс е роден во Камбоџа, а презимето Џоли Пит го доби во 2006 година, на барање на Бред и Анџелина, откако на светот му објавија дека ќе го добијат своето прво биолошко дете, а дека Бред ќе ги посвои Медокс и Захара, двете сирачиња кои актерката ги посвои пред да го запознае Пит.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...