Првороденото бебе годинава во Велес е женско

Бебето е женско се вика Изабела. Родено е утрово во 9:08 минути со царски рез, тешко е 3 килограми 420 грама и долго е 52 сантиметри.

86

Првото бебе родено во 2020 година во Велес е женско. Градоначалникот Аце Коцевски денеска на Гинеколошко-акушерското одделение во Општата болница во Велес го посети првороденото бебе и 24-годишната мајка Марија Иванова. Тој им подари 200 евра и пригодни подароци.

Бебето е женско и се вика Изабела. Родено е вчераутро во 9:08 минути со царски рез, тешко е 3 килограми 420 грама и долго е 52 сантиметри. Породувањето го изврши д-р Силвија Богоевска.

Таа за медиумите изјави дека мајката и бебето се добри и дека добро се чувствуваат, а истото го потврди и педијатарот Дончо Дервишов.

Инаку во 2019 година на ова Одделение во велешката Општа болница биле родени вкупно 473 бебиња од мајки од Велес, Градско и од Чашка, како и од соседните општини Свети Николе Неготино, па и Кавадарци и Демир Капија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...