Првите два случаи на коронавирус долетаа и во Русија

Тие се наоѓаат под строг надзор. Изолирани се и им се укажува неопходната помош. Двајцата се кинески државјани, изјави Голикова.

231

Во Русија денеска се регистрирани првите два случаи на заразени со новиот коронавирус, соопшти заменик премиерката Татјана Голикова.

Како што соопштуваат од Москва, станува збор за двајца кинески државјани, а случаите се регистрирани во Трансбајкалскиот и Тјуменскиот регион, пренесе Тасс.

– Тие се наоѓаат под строг надзор. Изолирани се и им се укажува неопходната помош. Двајцата се кинески државјани, изјави Голикова.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...