Првиот човек на Врховен и денеска се спаси да не го разрешат

699

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, и денеска се спаси од разрешување, за што требаше да расправа Судскиот совет на денешната седница. Ова е втор пат да се одложува оваа точка.

Неофицијано причината е новиот член на судскиот совет, Миљазим Мустафа, кој е избран по предлог на претседателот Стево Пендаровски, да се запознае со случајот.

Разрешувањето за првиот човек на највисокиот суд во земјава и за тројца негови колеги се бара поради бегството на бизнисменот Сеад Кочан кој беше обвинет од СЈО во случајот „Труст“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...