Првиот човек на Бундестагот го испофали Ципрас за Договорот од Преспа

223

Претседателот на германскиот Бундестаг, Волфганг Шојбле, за германскиот весник „Ди Цајт“ упатува пофални зборови за грчкиот премиер Алексис Ципрас, и вели дека покажал лидерство со Договорот од Преспа и ги деблокирал односите со Северна Македонија, објавија грчките медиуми.

-Алексис Ципрас „постигна важно достигнување на политичката лидерска способност, бидејќи ги деблокираше односите со Северна Македонија“ – вели Шојбле за денешното издание на неделникот „Ди Цајт“ и на грчкиот премиер му припишува дека за Договорот од Преспа претрпе „политички отпор во внатрешноста“ и како што истакнува весникот, е под закана на пораз на претстојните избори.

„Една од причините за тоа веројатно е и договорот за името за кој се разлутија многу Грци“, додава „Ди Цајт“, пренесува грчката новинска агенција АНА – МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...